Свечено врачување повелби на новоизбрани нотари  
     
 

27.06.2008

 
 

Во  просториите на Министерството за правда  денеска министерот  Михајло Маневски  врачи повелби на пет новонаименувани нотари   со службено седиште во Скопје.

Министерот Маневски истакна дека Министерството за правда  посветува големо внимание на унапредување на нотарската служба  , особено при подготовката на законите каде што се настојува судовите да се растеретат од вонсудски предмети

- Се надевам дека функцијата нотар ќе ја вршите чесно, совесно, и одговорно, во рамки на уставот и законите и ќе го дадете потребниот квалитет – истакна министерот Маневски.

Паралелно со зголемување на надлежноста на нотарите  се зголемуваат и потребите на граѓаните. Развојот на нотаријатот потсети министерот Маневски треба да биде во функција на полесно решавање на потребите на граѓаните и поефикасно остварување на нивните права.

Новонаименуваните нотари се  заблагодарија   и се обврзаа дека ќе работат во интерес на граѓаните и во согласност со уставот и законите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk