Размена на искуства од досегашната примената на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер  
     
 

02.07.2008

 
 

Во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер  денеска  во присуство на претставници од различни институции кои се иматели на информации од јавен карактер се одржа работилница на која беа разменети искуства на оваа тема.

На работилницата во своето обраќање министерот за  правда Михајло Маневски рече дека информациите неможат да бидат монопол на органите на државната власт, на институциите што вршат јавни овластувања, на судската власт, освен класифицираните информации кои имаат посебен режим на користење.Граѓаните и јавноста имаат право на пристап до информациите од јавен карактер и тие имаат право да бидат информирани за активностите и мерките што ги преземаат органите на државната власт, бидејќи на тој начин не само што се информираат туку имаат можност да вршат критика во извршувањето на овластувањата  на органите.

Министерот Маневски потсети дека решенијата кои се вградени во законот треба да бидат во функција на зголемување на транспарентноста, ефикасноста и ефективноста на државната администрацијата. И не само на  администрацијата , законот треба да влијае на промена во свеста и на државната власт која постои заради граѓаните и која треба да работи во нивна полза.

 Владата на Република Македонија е целосно отворена за јавноста - рече Маневски. Организирани  беа денови кога  граѓаните можеа директно до министрите и до премиерот да поставуваат прашања ,сугестии и забелешки за работата на јавите институции.Граѓаните имаа  можност одблиску да се запознаат  со работата на Владата и министрите.Во судството веќе се назначени лица кои ќе бидат задолжени за комуникација со јавноста нивните имиња наскоро ќе бидат објавени на нашата веб страна и граѓаните и јавноста ќе можат да се обраќаат до нив дополни министерот Маневски

            На работилницата  од името на Амбасадата на Велика Британија се обрати амбасадорот г. Ендрју Ки, а присутните ги поздрави и претседателот на Комисијата Јанко Николовски. Исто така беше промовирана новата веб страна на Комисијата.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk