Министерот Маневски во посета на Основен суд Куманово  
     
 

02.07.2008

 
 

МИА - Министерот за правда Михајло Маневски денеска го посети Основниот суд Куманово, со цел да ја увиди состојбата со судската зграда и условите за работа на судиите и администрацијата.

- Наскоро очекуваме подобрување на условите за работа на Основен суд Куманово и  дислоцирање на потстанарите од зградата, најави министерот Маневски. Тој потенцира дека во Кумановскиот суд има голем број нерешени случи, а особено стечајни постапки и предмети од стопански спорови и од работни односи.

- Работиме на подобрување на ажурноста на судовите, а крајна цел е постигнување европско судство. Не можеме да дозволиме поради неажурноста да страдаат стотици работници кои чекаат да се решат стечајните постапки, вели Маневски, додавајќи дека е свесен за ниското ниво на доверба на кумановци кон судот.

Тој рече дека до крајот на 2009-та година сите судови во Македонија мора да бидат ажурни и ефикасни.

Според Маневски, наесен  Кумановскиот суд ќе добие нов претседател, избран од кандидатите што ќе понуди најдобра програма.

Затворската зграда во село Кшање, како што рече министерот за правда, ќе биде изградена до почетокот на 2009-тата година.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk