Доделени сертификати за успешно завршена стручна обука за вработените во Државниот управен инспекторат  
     
 

04.07.2008

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска на пригодна свеченост на  управните инспектори кои успешно ја завршија стручната обука  им додели серификати.

Заблагодарувајќи се за можноста да учествува на оваа свеченост министерот Маневски рече дека Министерството за правда посветува големо внимание за зајакнување на капацитетите на Државниот инспекторат.

-Државниот инспекторат својата сила треба да ја црпи од знаењето и почитувањето на уставот и законите при нивната примена –рече министерот Маневски .

Ние подготвуваме изменета законска рамка од каде инспекцијата ќе ги црпи сопствените овластувања. Целта на овие нови законски решенија е поефикасна заштита на правата и интересите на граѓаните –нагласи министерот Маневски.

Директорот на  Државниот управен инспекторат  Димитар Ѓорѓиевски изрази благодарност до  инспекторите за доследно следење и почитување на правилата на едукацијата.

-Со успешно завршената обука продуцираме квалитет кој е потребен за нас како инспектори но и  пошироко за државата и граѓените на Република Македонија. Денешниот настан  преставува задолжување за нас , во идниот период да покажеме поголеми резултати –рече Ѓорѓиевски.

4 месечната обука која започна од 15 февруари оваа година, имаше за цел стручно усовршување на вработените во инспекторатот  при вршење на инспекцискиот надзор и опфати повеќе аспекти на вршењето на инспекцискиот надзор како што е  примената на Законот за општа управна постапка,  Законот за управната инспекција, Законот за прекршоци како и методологијата на вршење на инспекциски  надзор и на постапување со странки.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk