Средба: Маневски – Романска делегација составена од експерти за заштита на на правата од интелектуална сопственост  
     
 

11.07.2008

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски  денеска се сретна со   експертите од Република Романија  кои соработуваа при изработката на  Националната програма за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост на Република Македонија 2008-2010.

Делегацијата од Република Романија ја сочинуваа , г-ѓа Моника Поп, Јавен обвинител-раководител на Секторот за интелектуална сопственост, во Јавното Министерство на Република Романија, г-ѓа Алис Поставару, раководител на Секторот за дизајн, во Заводот за иновации и трговски марки на Република Романија и г-ѓа Константа Морару, раководител на Секторот за меѓународни и правни работи, во Заводот за иновации и трговски марки на Република Романија.

На средбата беа  разменети искуства, во однос на воспоставување на поефикасен систем за спроведување на заштитата на правата од интелектуална сопственост во Република Романија.


Исто така, експертите од Република Романија, ги запознаа присутните со системот на заштита на интелектуалната сопственост во Република Романија, надлежни институции, изречени санкции на сторителите на повреди на овие права.

Делегацијата од Република Романија особен интерес покажаа за спроведувањето на заштитата  на правата од интелектуална сопственост во Република Македонија, националната легислатива, усогласеноста со европското законодавство, надлежни институции и особено за надлежноста на Министерството за правда. Притоа, посебно беше истакната потребата од донесување на Национална стратегија за интелектуална сопственост и специјализација на судии и обвинители за заштита на интелектуалната сопственост.

На средбата беше договорена размена на искуства, закони, други документи и понатамошна соработка во заштитата на интелектуалната сопственост.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk