Петти состанок на Советот за реформи во правосудството  
     
 

11.07.2008

 
 

На Петтиот состанок на Советот за реформи во правосудството беше направен преглед на досегашните активности и резултатите постигнати со нив и процена на идните мерки кои треба да бидат преземени за надминување на евентуалните неповолни состојби.

Министерот за правда Михајло Маневски осврнувајќи се на досегашните реализирани активности на министерството за правда рече дека напредокот на реформите во правосудството го потврдува и Извештајот за судството на Оценско експертска мисија на Европската комисија која претстојуваше во Република Македонија од 10 до 14 март годинава , и кој позитивно ги оценува напорите што ги презема Република Македонија на планот на реформите во правосудството. 

Како потврда на успешноста на реформите во правсудството може да послужи и бројот на новопримени предмети во судовите кој од минатата година е намален за 29,80 % и намалувањето на бројот на нерешени предмети во сите судови кој е за 9% помал од ланската година.

Министерот Маневски во заклучните согледувања истакна дека исцрпена е Стратегијата за реформи во правосудството и дека треба да се пристапи кон изготвување на Стратегија за 2009-2011 година.

На планот на легислативата треба да се направи анализа на одредени законски проекти каде се детектирани неколку клучни прашања кои се однесуваат на стратегијата за судски реформи , информатичката технологија и пенитенцијарниот систем а кои треба да бидат разгледани со заеднички напори на Министерството за правда Јавното обвинителство и судовите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk