Средба на министерот Михајло Маневски со специјалниот претставник на ЕУ во РМ, неговата екселенција амбасадор Ерван Фуере  
     
 

30.07.2008

 
 

Министерот за правда на Република Македонија г. Михајло Маневски се сретна со специјалниот претставник на ЕУ во РМ, неговата екселенција амбасадорот Ерван Фуере.



             На средбата, амбасадорот Фуере му го честита повторниот избор за министер, на г. Маневски, нагласувајќи дека со тоа продолжува континуитетот во многу значајните работи и надлежност на Министерството за правда, особено во однос на клучните предизвици кои што треба да се реализираат. Тој го поздрави постигнатиот напредок и нагласи за потребата од преземање на преостанатите чекори во правосудството. амбасадорот Фуере извести дека по конституирањето на новата Влада на Република Македонија, средбата со министерот за правда му е меѓу првите средби кои што тој ги остварил.

На средбата се разговараше за текот и реализацијата на судските реформи, планираните идни активности и статусот за реализација на главните приоритети поставени од страна на ЕУ, кои се во надлежност на Министерството за правда. Беа разменати мислења за голем број клучни прашања од областа на правосудството, како и изборното законодавство.

Министерот Маневски го увери амбасадорот Фуере дека реформите продолжуваат со забрзано темпо во насока за постигнување независен и ефикасен судски систем, како и кон исполнување на главните приоритети поставени од ЕУ, што се рализираат во континуитет согласно со поставените рокови. Министерот Маневски информираше дека во наредниот период особено внимание ќе се посвети на имплементирањето на донесените закони и на подобрување на постојните законски решенија со крајна цел за постигнување на поефикасно, ажурно и независно правосудство во Република Македонија и успешна интеграција во ЕУ.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk