Историски момент за ЈО на РМ - Конституиран Советот на Јавните обвинители на Република Македонија  
     
 

04.08.2008

 
 

Денеска во просториите на Јавното обвинителство  се одржа конститутивна седница на Советот на Јавните обвинители на Република Македонија.

            Членовите на Советот  беа избрани по пат на гласање во сите 6 изборни единици во Јавните обвинителства во Република Македонија  за  прв избор на членови на Советот на јавни обвинители од редот на  јавните обвинители, како и на предлог на Собранието на Република Македонија.

За претседател на Советот избрана е Елена Гошева обвинител со долгогодишен стаж во Вишото Јавно обвинителство  во Скопје.

- Ова е историски момент за Јавното обвинителство на Република Македонија-изјави г-ѓа Гошева. За прв пат се конституира Совет на Јавни обвинители чија цел ќе биде да обезбеди и гарантира сигурност и независност  на јавните обвинители во вршењето на нивната функција како и да се оневозможи било какво влијание од страна кое е спротивно на Законот додаде г-ѓа Гошева

- На конституирање на Советот се чекаше 2 години-изјави министерот за правда  Михајло Маневски. Советот  во наредниот период го очекуваат интензивни активности како што се  анализа колку обвинители треба да работат или недостасуваат по обвинителствата, потоа конституирање на Вишото  Јавно обвинителство во Гостивар како и обвинителство за  организиран криминал.Советот треба да направи преглед колку обвинители треба да се пензионираат, колку да се разрешат и колкава е потребата од  пополнување на нови работни места.


До обезбедување на просторни и технички услови за работа на Советот на што веќе се работи во Министерството за правда, Советот ќе работи во просториите на Јавното обвинителство на Република Македонија

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk