Министерот Маневски на средби со граѓани во Охрид , Љубаништа и Пештани  
     
 

18.09.2008

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска ги посети Основниот суд - Охрид, Локалната самоуправа во Охрид, Подрачното одделение на Министерството за правда и оствари средби со граѓани од Љубаништа и Пештани.





Во Основниот суд –Охрид министерот Маневски, ги разгледа просториите во судот кои што се реновираат со средства од Буџетот на Република Македонија и кредит од Светска банка.
 По завршувањето на градежните работи судот во Охрид ќе добие нови проширени и осовременети судници и услови за редовно одвивање на судските процеси.

При посетата на Подрачното одделение на Министерството за правда, министерот Маневски беше запознат со работата на одделението и тековните проблеми со кои се соочува ова одделение.





Во Локалната самоуправа во Охрид претседавачот на Советот на Општината, Влатко Чинговски го запозна министерот Маневски со активностите на локалната самоуправа и како Охрид како туристички центар,
 се справува со тековните проблеми кои се посебно изразени во летниот период.

Во рамки на проектот „Примена на Законот за општата управна постапка во областа на образованието“ чија завршна сесија се одржуваше во Охрид, министерот Маневски имаше завршно излагање во кое ја поздрави идејата за еден ваков проект кој се реализира во соработка со Државен управен инспекторат, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ЗЕЛС, Министерство за образование и наука и Агенцијата за државни службеници. Работилниците, истакна Маневски треба да придонесат за зајакнување на капацитетите и зголемување на ефикасноста на органите кои го применуваат Законот за општата управна постапка, со кој ќе се овозможи доследно реализирање на правата на граѓаните.

Во Љубаништа мештаните со вооодушевување го пречекаа министерот Маневски констатирајќи дека тој е првиот министер, односно функционер кој после долги години го посетил Љубаништа и се заинтересирал за нивните проблеми. Средбата траеше повеќе од еден час и на неа присутните го запознаа министерот Маневски со секојдневните проблеми и го поканија повторно да ги посети.

На средбата со мештаните на населбата Пештани беше актуелизирано прашањето за сопственоста на парцелите во автокампот Градиште и правната битка на сопствениците на парцелите за враќање на национализираните имоти во ова познато туристичко летувалиште.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk