Министерот Михајло Маневски го прими шефот на мисијата на ОБСЕ Карлос Паиш  
     
 

05.09.2006

 
 

Министерот за правда, Михајло Маневски се сретна со амбасадорот, г-н Карлос Паиш, шеф на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

На средбата беа разгледани прашањата поврзани со функционирањето на судскиот систем и реформите во судството. Беше изразена взаемна соглсаност за досега преземените мерки на овој план, со нагласка на потребата за ефикасно и целосно имплементирање на законите.

Министерот за правда Михајло Маневски се заблагодари за досегашната поддршка и помош на ОБСЕ во изготвувањето на одредени законски проекти, едукација на кадри и опрема за потребите на судските органи во процесот на реформи на правосудството, со надеж дека и во наредниот период ќе продолжи ваквата поддршка.

Министерот Маневски и шефот на мисијата Паиш изразија надеж дека во наредниот период досегашната плодна соработка ќе се интензивира поради имплементацијата на новите закони од сферата на судството.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk