РМ пример за останатите земјите од регионот, во поглед на добрата соработка и почитување на стандардите во борбата против криминалот и корупцијата  
     
 

23.09.2008

 
 

-Средба на министерот за правда Михајло Маневски со претставници на Министерството за правда на Италија


Министерот за правда Михајло Маневски оствари средба со преставници на Министерството за правда на Р.Италија – г.Антонио Лаудати, генерален директор на Дирекцијата за кривична правда на МП на Италија, г.Алберто Пиолети, директор на Канцеларијата за меѓусебна правна помош, Фернинандо Буатиер де Монгеот, постојан твининг советник и Фабрицио Гандини, проектен лидер на твининг проектот КАРДС 2005.

На средбата се разговараше за резултатите од досегашната имплементација на КАРДС 2005 - Твининг проектот за Поддршка на Јавното обвинителство за борба против организиран криминал и корупција, како и за досегашната успешна и добра билатерална соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Италија, при што беше искажана благодарност до министерот за правда за поддршката во однос на продолжување на проектот, како и за соработката во поглед на екстрадицијата и меѓусебната правна помош.

Во таа насока, Антонио Лаудати, генерален директор на Дирекцијата за кривична правда на МП на Италија, истакна дека од следната недела ќе започне да се имплментира регионалниот проект PROSECO со кој ќе бидат опфатени 7 земји од регионот, при што потенцираше дека РМ ќе биде посочена како пример за останатите земјите од регионот, во поглед на добрата соработка и почитување на меѓународните стандарди од оваа област.

Министерот за правда изрази задоволство од досегашната соработка со правосудните институции на Р.Италија, како и за соработката која се одвива со Бирото за Антимфија на Р.Италија во рамки на Твининг проектот за Поддршка на Јавното обвинителство за борба против организиран криминал и корупција на РМ, со што ја поддржува иницијативата за продолжување на проектот со цел поефикасно справување со организираниот криминал и корупција.

Со цел натамошно градење на доверба за блиска соработка Министерот истакна дека од посебен интерес е за двете земји да се потпише Договорот за билатерална соработка помеѓу РМ и Р.Италија.

Антонио Лаудати, генерален директор на Дирекцијата за кривична правда на МП на Италија, се заблагодари на Министерот за правда за средбата и потецираше дека Р.Италија остварува иста соработка со РМ какои со другите европски земји.

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk