Средба на министерот Маневски со претставници на УНХЦР  
     
 

19.09.2008

 
 

Министерот Михајло Маневски денеска се сретна со  г. Карлос Малдонадо  претставник од претставништвото ан УНХЦР во Скопје.

На средбата  г. Малдонадо го запозна министерот Маневски со новиот  регионален проект на УНХЦР кој ќе се реализира во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи. Проектот е предвидено да трае до 2009 година и се однесува на третманот на Ромската популација во Република Македонија и недостатокот од документации за лична идентификација.

Проектот, истакна г.Малдонадо ќе преставува поддршка на општата политика на Владата на Република Македонија во третманот на Ромските прашања.

Министерот Маневски истакна дека Владата на Република Македонија презема чекори  во оваа област,  и  во таа смисла го донесе и Законот за малите етнички заедници кој ја опфаќа и Ромската популација. Во исто време реализиран е проектот „Декада на ромите“ за подобра интеграција на Ромите во системот, а исто така се прават напори за задолжително основно и средно образование на ромските деца .

-Со регионалните проекти треба да  постигнеме конкретни цели ,а не генерални цели без резултати – истакна министерот Маневски.

Министерот Маневски се заблагодари за иницијативата за учество во овој проект  и рече дека министерството е отворено за соработка во сите проекти кои се однесуваат  на заштитата на човековите права.  

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk