Средба Маневски – Пурнер, претставник на Институт за меѓународна соработка при министерството за правда на Република Германија  
     
 

25.09.2008

 
 

Институтот за меѓународна соработка при министерството за правда на Германија и нивниот претставник г. Стефан Пурнер реализираат тесна соработка и експертска поддршка на министерството за правда на Република Македонија при реализација на Стратегијата за реформи на казненото законодавство.

На состанокот што денеска се одржа во министерството за правда се дискутираше за дефинирање на понатамошните модалитети на соработка при што од страна на  г. Пурнер беше понудена  експертска поддршка  по нацртот на Законот за кривична постапка кога тој ќе биде подготвен, советување за организациски прашања при поставувањето на новиот систем на кривичното законодавство како и обука на јавните обвинители во РМ од страна на искусни јавни обвинители во  Република Германија.

 Г. Пурнер ги презентираше и другите области во рамките на правосудството каде што е во тек реализација на соработката со нивниот институт, како што е управното законодавство и Европската судска практика.

Министерот Маневски изрази големо задоволство од досегашната соработка со Институтот, која е како што рече од исклучително значење за процесот на реформи на казненото законодавство и со задоволство ги прифати предлозите за понатамошни проекти за кои истакна дека ќе бидат вклучени во акцискиот план за имплементација на новиот систем на казнено законодавство во РМ.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk