Средба Маневски – Мејиас, постојан координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП во РМ  
     
 

25.09.2008

 
 

 На состанокот  со г-ѓа Силва Мејиас беше изразено обострано задоволство од досегашната соработка помеѓу двете институции и успешната реализација на бројни проекти во доменот на владеењето на правото и заштитата на човековите права.

  

Претставникот на УНДП во РМ г-ѓа. Силва Мејиас му презентираше на министерот Маневски неколку програми на кои агенциите на ОН интензивно работат со надлежните органи во РМ со цел   продлабочување на соработката и добивање поуспешни резултати.

Првиот проект се однесува на феноменот на семејното насилство за чие сузбивање веќе постои легислатива која треба и понатаму да се надоградува. Притоа, беше речено дека ОН во соработка со Холандската Влада ќе реализираат сеопфатен проект за создавање на централен систем за собирање и размена на податоци на сите надлежни институции и подобрување на соработката и координацијата меѓу нив. Во исто време беше поздравено формирањето на Националното Координативно тело за заштита на жртвите од семејното насилство.

Министерот Маневски ја поздрави идејата подвлекувајќи ја потребата од надоградување на постојното законодавство и подобрување на механизмите за соработка и детектирање на овој феномен од страна на институциите на системот. Тој искажа целосна поддршка и подготвеност за соработка на министерството за правда во рамки на реализација на проектот. Министерот Маневски исто така побара експертска поддршка при редефинирање на кривичното дело силување кое ќе биде во согласност со меѓународните стандарди.

Втората област на понатамошна соработка која беше спомената од г-ѓа. Силва Мејиас се однесува на измените во Изборниот Законик во делот на семејното гласање. Министерот  Маневски посочи дека измените кои се прават во координација со сите политички партии и поддршка на ОБСЕ/ОДИХР и други невладини организации, мора да се донесат за да се спречат ваквите проблеми во пресрет на претстојните локални и претседателски избори.

Министерот Маневски ја поздрави идејата за организирање  јавна трибина  на оваа тема во ноември  оваа година , и со задоволство ја прифати поканата  за учество на трибината.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk