Работна посета на Основните судови во Прилеп, Битола, Охрид и Струга и Апелациониот суд во Битола  
     
 

26.09.2008

 
 

            Министерот за правда Михајло Маневски  денеска ги посети Основните судови во Прилеп, Битола, Охрид и Струга, и Апелациониот суд во  Битола.

     
  
 На средбите  со претседателите на Основните судови се разговараше за ажурноста и ефикасноста на судовите и извештаите за работа по предмети за периодот јануари – септември  2008 година.

      
  
 
           
Министерот Маневски ги посети и новите и адаптирани простории на Основниот суд во Прилеп кои во најскоро време треба да бидат предадени во употреба, како и судниците во Апелациониот суд Битола.

      

       
Министерот Маневски во рамки на посетата на судовите присуствуваше и ги поздрави учесниците на Годишното советување на тема – Актуелната реформа на казненото материјално и процесно законодавство и економскиот криминалитет-кое се одржа во Охрид , во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Република Македонија и во соработка со Министерството за правда, Академијата за обука на судии и јавни обвинители, ОБСЕ И СОРОС.


     Советувањето претставува дел од проектот : Казнено правната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија, чија основна цел е реформа на казненото законодавство на Република Македонија, заради востановување баланс помеѓу ефикасната борба  со криминалот од една страна и постигнување на највисок степен на заштита на основните човекови права и слободи гарантирани со Европската конвенција за правата на човекот и другите меѓународни инструменти.

Целта на советувањето е анализа на подготвените предлог - одредби од аспект на нивната практична примена од страна на сите учесници во  судската постапка. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk