Обраќање на министерот за правда Михајло Маневски пред студентите на Европскиот универзитет  
     
 

01.10.2008

 
 

На почетокот на новата академска година министерот за правда Михајло Маневски  ги поздрави студентите на  Правниот  факултет на Европскиот универзитет.

Вие сте студенти , идни правници, идни мои колеги затоа ми е посебно драго што денеска сум токму со вас, затоа што вие сте иднина и столб на кој ќе се потпре Република Македонија во сложените евроинтегративни процеси – им се обрати министерот Маневски на студентите од прва година на Правниот Факултет.

Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија и земја која целосно е спремна за членство во НАТО алијансата,  посветува големо внимание на еден многу клучен аспект од нејзиниот развој а тоа е образованието, затоа што без образована нација нашиот развој ќе биде многу поотежнат.-рече министерот Маневски

Владата на Р.Македонија грижејќи се за младите луѓе и нивниот развој,  ја спроведува  кампањата насловена Учиме за ЕУ- проект кој придонесува за приближување на процесот на европската интеграција и информациите за ЕУ до младата популација во Р.Македонија. Преку овој проект сакаме да им порачаме на младите дека патот на Македонија е цврсто определен кон целосна интеграција во широкото семејство на демократски европски држави кои преку меѓусебна политичка и економска соработка се стремат кон обезбедување траен мир и просперитет.

Министерството за правда и Владата на Република Македонија како исклучителен приоритет го утврдија заокружувањето на законската рамка и имплементација на реформските закони од областа на правосудството, со цел да се остварат континуирани резултати во спроведување на судските реформи и да се зајакне независноста и целокупниот капацитет на правосудсниот систем, а кој е условен и од процесот на нашата интеграција во евроатланските структури. Со тоа   истакна Маневски ,уште еднаш ќе ја потврдиме нашата недвосмислена определба во рамките на овој процес и целосно ќе ги реализираме обврските за продолжување со започнатите реформи со кои се постигнува поуспешно функционирање на правосудните органи во духот на европското законодавство.

Обезбедувајќи препознатливост и сопствено присуство во заедницата на европските и светските универзитети, Европскиот Универзитет со својата интелектуална моќ, континуирано ги поставува и ги потврдува правците на современото македонско општество кое носено од интелектулните сили во него е се поблиску до ЕУ.

Затоа почитувани студенти знам дека Европскиот Универзитетод вас ќе направи одлични правници, лојални граѓани кои понатаму ќе станат чесни државни службеници и ќе ја продолжат нашата борба за Европска Македонија -  рече министерот Маневски и им посака успех на студентите на Европскиот универзитет.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk