Средба Маневски - Фуере  
     
 

06.09.2006

 
 

Министерот за правда, Михајло Маневски денеска се сретна со специјалниот претставник на Европската унија во Република Македонија, амбасадорот, г-н Ерван Фуере. На средбата стана збор за реформите во правосудството.

 Министерот Маневски го извести амбасадорот Фуере за активностите што во наредниот период ќе бидат преземени во реформата на правосудството и за зацртаните приоритети. При тоа, тој нагласи дека клучен приоритет е имплементацијата на законите.

Министерот Маневски истакна дека во наредниот период ќе се продолжи со заложбите за остварување на владеењето на правото и градење ефикасен судски систем, како и обезбедување сигурност во инвестирањето и остварувањето на правата на граѓаните. Тој, исто така, подвлече дека многу важен приоритет се и активностите за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал.

Амбасадорот Фуере, на средбата со министерот за правда Михајло Маневски, ги поздрави зацртаните приоритети. Тој оцени дека е добро што законите се донесени и нагласи дека е исклучително важно тие доследно да се применуваат за да може да се врати довербата на граѓаните во судството. Се наложи потребата од натамошна поддршка на реформите и делотворна соработка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk