Средба Маневски - преставници на Набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОБДАТ  
     
 

10.09.2008

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со г.Џовдат Мамедов  од Набљудувачката мисија на ОБСЕ и со г.ѓа Кристина Каранакова - ОПДАТ од Амбасадата на САД во РМ.

Претставникот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје  г.Мамадов  изрази задоволство од добрата соработка и комуникација со Министерството за правда во поглед на тековните реформи  во казненото право.  Во продолжение, истакна дека целта на посетата е временската рамка за подготовка и донесување на Законот за кривична постапка. 

 Министерот за правдаМихајло Маневски истакна дека  треба да се води сметка за Програмата на Владата на РМ. Во истата се предвидени рокови кои треба да се следат и почитуваат. Така измените на Кривичниот законик се веќе поготвени и доставени на мислење до надлежните органи, од каде се чека повратни коментари и мислења.  Текот на 2009 година е предвидена како година која ќе биде искористена за подготовка и обука на судиите и јавните обвинители, како и други лица кои директно ќе бидат вклучени во примената на законот. Исто така, во тек е и набавка на 600 нови компјутери за судиите и јавните обвинители- информираше министерот Маневски.

Преставникот на ОБСЕ г. Мамадов накратко го информираше Министерот за правда за проектите кои се во тек во Здружението на јавните обвинители на РМ, а се со подршка на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје. Имено, проектот кој што се однесува на зајакнување на улогата и позицијата на јавните обвинители, согласно со реформите кои што се во тек, и за кои ја имаат целата подршка на Министерството за правда, е во напредна фаза и е во тек подготовка на Анализа за постојната состојба во јавните обвинителства. Врз вака спроведената анализа, ќе се подготви Предлог кој што ќе биде доставен до Министерството за правда во поглед на идните потреби на капацитетите на јавните обвинителства.

На крајот од средбата Министерот за правда ја истакна посебната важност на овој процес на реформи во казненото право, и изрази посебна благодарност кон Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Програмата ОБДАТ за нивната целосна подршка.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk