Подготовки за трансфер на извршните предмети од судовите  
     
 

01.10.2008

 
 

Работна средба Маневски – претседатели на  Основни судови

Согласно Измените на Законот за извршување од 1 јануари 2009 година се напушта системот на судско извршување, и извршувањето целосно  се пренасочува кај извршителите- приватни лица кои вршат јавни овластувања именувани во склад со Законот, односно  извршните предмети од Судовите во целост преминуваат во надлежност на извршителите.

За таа цел  денешната  работната  средба  со претседателите на Основните судови беше искористена  најнапред да се презентираат состојбите со извршните предмети кои сеуште се  во работа пред судовите во Република Македонија заради подготовка на трансферот на извршните предмети од судовите кај приватните извршители, и да се слушнат мислењата  на претседателите на Основните судови,   што преземаат во  правец на ефикасен трансфер кој нема да ги повреди правата на доверителите во извршните постапки, но и кој не би требало да го наруши новиот систем на извршување.

На средбата министерот за правда Михајло Маневски  ги презентираше заклучоците по кои треба да постапуваат судовите со цел успешно да се справат со трансферот на предметите, за кој знаеме дека судовите нетрпеливо го очекуваат како би се намалил нивниот обем на работа.

Во таа смисла министерот Маневски им порача на претседателите:

-          Неопходно е да се утврди бројката на предмети по веродостојна исправа кои ќе можат да се трансферираат- и кои станале правосилни на 26.05.2006 година.

-          Да се согледа каков е статусот со плаќањето на судската такса  кај тие предмети, но и  по извршните исправи како и кај кривичните и прекршочните предмети, и износите кои се прибрани по тој основ, со цел да се одбегне двојното оптоварување  на доверителите.

-          Неопходно е веднаш да се реорганизира работата во судовите. Извршните одделенија наместо да се расформираат, треба да се зајакнат со судии кои ќе можат да се справат со проблемите

-          Неопходно е да се направат пописи на трошоци и преземени извршни дејствија ЗА СЕКОЈ ОД ПРЕДМЕТИТЕ кој ги исполнува условите за трансфер.  

         Работна средба во организација на Министерството за Правда беше несебично подржана од страна на Проектот за имплементација на реформите во судството .

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk