Врачени решенија на 90 судски преведувачи  
     
 

07.10.2008

 
 

МИА - Министерот за правда Михајло Маневски денеска врачи решенија на 90 постојани судски преведувачи кои успешно ја поминаа проверката на знаење на странски јазик, што за првпат во септември годинава  ја спроведе  Министерството за правда.

Постапката за поставување на судските преведувачи преку проверка на знаењето на странскиот јазик што досега не беше случај се пропишува со  последните измени во Законот за судовите и Судскиот деловник.

        - Во праксата слабиот квалитет на многу судски преведувачи особено во постапките пред судовите укажа на потребата за обезбедување адекватен превод од соодветно обучени и искусни преведувачи кои ќе ја извршуваат својата работа на најпрофесионален  и одговорен начин, истакна министерот Маневски.

Министерот за правда им порача на судските преведувачи постојано да го усовршуваат знаењето бидејќи, како што наведе, по добивањето на датумот за преговори со Европската унија ќе бидат ангажирани во европските институции, каде ќе треба да ја покажат својата професионалност и стручност.  

Во првата сесија за проверка на знаењето на странски јазик на кандидатите за постојани судски преведувачи беа пријавени 136 кандидати за 15 странски јазици. Министерството најави оти проверки на знаењето со цел добивање соодветни решенија ќе се вршат двапати годишно.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk