Средба Маневски - Амбасадор на Сојузна Република Германија во РМ  
     
 

06.10.2008

 
 

На средбата министерот Маневски   се  осврна  на реформите и поставените приоритети, како и силните заложби на Владата за исполнување на поставените критериуми за членство во ЕУ.

Министерот Маневски истакна дека во моментов во Република Македонија се одвива процес на реформи во кривично правниот систем, и тоа како во поглед на  материјалното така и во поглед на процесното законодавство, при што мислењето на експертите од Сојузна Република Германија дадено преку Фондацијата за правна соработка  на Сојузна Република Германија се од посебен придонес кон изработката на квалитетен Закон за кривична постапка.

Амбасадорката на Сојузна Република Германија г.ѓа Урике Кнопс изрази задоволство од средбата и ја поздрави големата волја и енергија на Владата на Република Македонија, која е само еден показател дека земјата со крупни чекори се движи кон Европската Унија. При тоа упати честитки за успешно спроведените реформи, кои се пред се од особено значење и благосостојба за самите граѓаните на Република Македонија, при што истакна дека  Амбасадата на Сојузна Република Германија е отворена за соработка и поддршка на идните проекти.

На прашањето на Амбасадорката г.ѓа Кнопс за начинот на избор на судиите, министерот Маневски објасни дека со донесувањето на Законот за судски совет на Република Македонија, судиите ги избира Судскиот совет на РМ, кој има  надлежност   да ја следи и оценува работата на судиите, а во случај на несовесно работење и да поведува дисциплинска постапка.

На крајот  на средбата, министерот за правда Михајло Маневски  изрази големо задоволство од добрата соработка, и особено од поддршката која што Сојузна  Република Германија и ја дава на Република Македонија.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk