Средба Маневски - Амбасадор на Соединетите Американски Држави во РМ, г.Филип Рикер  
     
 

06.10.2008

 
 

Министерот Маневски на денешната средба со г. Рикер изрази задоволство од досегашната успешна соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РМ.

Министерот Маневски посебно изрази благодарност за безрезервната подршка реализирана преку голем број проекти, меѓу кои и проектот на УСАИД за Автоматско управување со предмети во судовите, проектот за Балансирана картичка, како и проектите од Програмата ОПДАТ за зајакнување на улогата на јавниот обвинител.




Притоа  Маневски се  осврна на реформите во земјата, и истакна дека се донесени 58 нови закони како надоградба на правната рамка, воспоставени се нови иституции и  во тек се избори на јавни обвинители  реализирани од страна на Советот на јавни обвинители.

 Амбасадорот на САД во Р.Македонија г. Рикер, истакна дека Соединетите Американски Држави и понатаму остануваат подржувачи на процесот на реформите во земјата, како и партнер во привлекувањето на странски инвестиции. Во врска со донесувањето на нови закони, наведе дека не треба да се брза ако се сака да се донесе квалитетен закон.

Министерот  Маневски изрази големо задоволство од досегашната соработка со  Амбасадата на САД во Р. Македонија која е како што рече од исклучително значење за процесот на реформи на казненото законодавство и со задоволство ги прифати предлозите за понатамошни проекти за кои истакна дека ќе бидат вклучени во акцискиот план за имплементација на новиот систем на казненото  законодавство во РМ.

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk