Стразбур:Средба на министерот за правда Михајло Маневски со генералниот секретар на Советот на Европа Тери Дејвис  
     
 

09.10.2008

 
 

Денеска во Стразбур беше реализирана  посета на министерот Михајло Маневски во Советот на Европа  со Генералниот секретар на Советот г-дин Тери Дејвис.

Ова претставува прва посета на македонски министер за правда на Советот на Европа во периодот на 14-годишното членство на државата во оваа институција.

Во состав на делегацијата од РМ е и Владиниот агент на РМ која ја застапува државата пред Европскиот суд за човекови права, Радица Лазареска – Геровска.

Министерот Маневски ги презентираше преземените чекори и реформи од страна на Владата на РМ, во правец на јакнење на принципот на владеење на правото и почитување на човековите  права, како и јакнење на демократските капацитети на државата.

Посебен осврт беше даден на преземените мерки во државата во правец на јакнење на правосудниот систем во РМ – како во делот на судството така и во делот на јавното обвинителство. Беа презентирани и преземените мерки за борбата со организираниот криминал и корупцијата, малтолетничката правда и како и најновите измени на КЗ и ЗКП во делот на имплементирање на меѓународните конвенции и казнените мерки, како и соработката на институциите за успешно спречување на овие кривични дела.

Воедно беа презентирани и мерките кои Владата ги планира за  јакнење на изборниот систем  согласно препораките на ОДХР/ ОБСЕ.

Министерот Маневски изрази благодарност до Советот на Европа за целокупната досегашна поддршка на реформите која ја дава Советот во реформата а особено на реформата на пенитенцијарниот систем согласно Комитетот против тортура, како и материјалната подршка на Банката за развој на Советот на Европа за изградба и реконструкција на казнените институции во РМ што се очекува во наредниот период.

Генералниот секретар Дејвис изрази големо задоволство од презентираните реформи во РМ како и очекување дека земјата ќе продолжи со имплементација на истите што ќе ја приближи чекор поблизу до семејството на ЕУ. Воедно ја изрази спремноста на Советот на Европа и понатаму да ја подржува Владата во чекорите кои таа ги презема за членство на земјата во ЕУ и НАТО во правец на јакнење на државата и нејзините капацитети

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk