Средба на Министерот Михајло Маневски со Н.Е. Д-р. Донатино Маркон, Амбасадор на Италија во РМ  
     
 

27.10.2008

 
 

Министерот за правда на Република Македонија г. Михајло Маневски се сретна со Н.Е. Д-р. Донатино Маркон, Амбасадор на Италија во РМ.

На средбата се дискутираше за тековната и продлабочување на соработката помеѓу двете земји која се одвива непречено и дава позитивни резултати. Министерот Маневски го информираше Амбасадорот за текот на реформите и планираните активности во насока на реализација на приоритетите за воспоставување на независен и ефикасен судски ситем во Република Македонија.

На средбата беше разговарано за текот на преговорите и евентуалното пристапување кон потпишувањето на спогодбата за судска соработка помеѓу Република Македонија и Италија со цел продлабочување на директната судска соработка помеѓу институциите на двете земји.

Министерот Маневски се заблагодари за исклучителната поддршка која се обезбедува преку твининг проектот во Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција во Јавното Обвинителство на РМ и подвлече дека проектот успешно се реализира и дава резултати.

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk