Средба на Министерот Маневски со г.Серхи Холовати претседател на Комисијата за почитување на обврски и заложби на земјите членки на Советот на Европа  
     
 

04.11.2008

 
 

Министерот за правда на Република Македонија г. Михајло Маневски  на средбата се осврна на  законите  кои што беа донесени во последните две години се со цел независно и ефикасно судство. Имено донесени се Законот за судска служба, Законот за судови,Законот за нотаријат, Законот за малолетничка правда, Законот за јавни обвинители а истовремено истакна дека се  подготвени  60 нови закони од министерството за правда .

Наредната година  рече министерот Маневски  вниманието ќе биде фокусирано на  имплеметација на овие  закони.

Министерот Маневски го информираше г. Серхи Холовати  и за намалување на приливот на предмети во судовите и тоа до 40% и намалување на заостанати предмети до 13.6%, со напомена дека после 17 години почнува да опаѓа  бројот на случаите во судовите , и во исто време  мошне успешно судовите го совладуваат  и го намалуваат бројот на заостанати предмети.Зголемен е бројот на нотарите и на извршителите дури за два пати, а новина е и изборот на судиите кои ке бидат бирани од страна на Судскиот совет а не од страна на Собранието на Република Македонија  како што беше досега случај.

Новина која што е од исклучителна важност е  електронското систематизирањето на предмети во судовите за што е веќе распишан тендер за нови 600 компјутери.

Обуката на судиите е проект кој што е веќе започнат од страна на УСАИД, и  треба да заврши до 2009 година. Министерот Михајло Маневски информираше дека Академијата за обука на судии и јавни обвинители е  успешна и веќе постои втора генерација на обучени судии и јавни обвинители.

Г-динот Серхи Холовати ги оцени како позитивни сите  реформи во законодавството и беше задоволен од најновите промени кои што се случуваат во правниот и судскиот систем на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk