ЕУ Западен Балкан Министерски состанок- Загреб,Хрватска : Средби Маневски - Жак Баро, Шимуновиќ, Боцек  
     
 

06.11.2008

 
 

Министерот за правда Маневски и министерот за внатрешни работи Јанкулоска денеска  остварија средба со потпретседателот на Европска Комисија и Комесар за правда и внатрешни работи Жак Баро.

На средбата се дискутираа наодите на Европската Комисија во Извештајот во делот на правда и внатрешни работи и  процесот на визна либерализација.

Потпретседателот Баро го поздрави напредокот постигнат во областа на правосудството и воспоставувањето на ефикасен судски систем. Потпретседателот Баро напомена дека реформите треба да продолжат во континуитет во сите области.

Потпретседателот Баро подвлече дека Македонија е број еден во напредокот на исполнувањето на визната либерализација и дека треба да продолжи со напорите да го задржи тоа место при што не исклучи можност за укинување на визите за Македонија во 2009 година.

Министрите за правда и внатрешни заблагодарувајки се за средбата информираа дека ги прифакаат наодите на Извештајот како објективни и информираа за бројните активности кои се преземаат на легислативен и институционален план во областа на правосудството,борбата против организираниот криминал и корупцијата, човековите права и реформите во полицијата во насока на понатамошно интегрирање во Европската Унија..

Министерот за правда Михајло Маневски, на маргините на дводневниот Министерски состанок на ЕУ-Западен Балкан  на министрите за правда и внатрешни работи оствари билатерални средби со министерот за правда на Хрватска г.Иван Шимоновиќ и со  заменик министерот за правда на Чешка г. Боцек.

На средбата со Хрватскиот колега,  беа разменати мислења за текот на реформите во Казненото законодавство на кои и двете земји работат, за решенијата кои се избираат за подобрување на правната рамка, за соработката на двете земји согласно Протоколот како и за продлабочување на соработката со подиректни контакти и размена на искуства помегу министерствата, јавните обвинителства и судовите на двете држави.

Министерот Маневски на средбата со заменик министерот на Чешка  г.Боцек, се заблагодари на поддршката која Чешка ја дава во процесот на интегрирање на земјите од регионот кон ЕУ, побара понатамошна поддршка за укинување на визниот резим кон Македонија за време на Чешкото претседателство со ЕУ во првата половина на 2009 г., и понуди потпишување на Билатерален договор за соработка во граѓанската и кривичната материја помегу двете земји. Заменик Министерот Боцек, ја потврди поддршката и истакна дека заложбите на Чешка ке продолжат и во иднина , и напомена дека постои простор за билатерална поблиска соработка помегу двете земји во областа на правосудството.

Заменик Министерот Боцек, ја потврди поддршката и истакна дека заложбите на Чешка ке продолжат и во иднина како и напомена дека постои простор за билатерална поблиска соработка помегу двете земји во областа на правосудството.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk