Средба Маневски – г. Шелдон Јет, раководител на Канцеларија на УНИЦЕФ во Република Македонија  
     
 

17.11.2008

 
 

На средбата со г. Шелдон Јет новонаименуван претставник на УНИЦЕФ во РМ,  се дискутираше за  досегашната соработка со УНИЦЕФ и за преземање на  понатамошни заеднички  чекори .

Министерот Маневски истакна дека успешната соработка со УНИЦЕФ продолжува и во областа на малолетничката правда и повика на нивна поддршка во работата со другите ресорни министерства за успешна реализација на Акциониот план за малолетничка правда. Во таа смисла, министерот за правда Михајло маневски  побара УНИЦЕФ да помогне во воспоставување на контакти со практичари од други земји кои работат на малолетничката правда заради соодветно искористување на компаративните искуства и стандарди.

Г. Шелдон Јет искажа пофални зборови за Акциониот план за малолетничка правда и предложи одржување на дводневна работилница  за припрема на акционен план за спроведување на ИПА фондовите во делот на малолетничката правда.

Од страна на претставникот на УНИЦЕФ беше понудена натамоша поддршка во формирањето на Државниот совет за превенција на малолетничкото престапништво и во решавање на прашањето за статусот на ВПД Тетово. Г. Јет изрази подготвеност УНИЦЕФ да помогне и во дизајнирањето и техничката помош околу изградбата на новиот воспитно – поправен дом.

            На средбата министерот Маневски го запозна претставникот на УНИЦЕФ со усвоените измени во Кривичниот законик кои се однесуваат на заострување на санкциите за кривичните дела против половата слобода и половиот морал извршени врз деца. Беше истакнато исто така дека се планира ратификација на Конвенцијата за сексуална злоупотреба на децата.

   Г-динот Шелдон Јет се заблагодари за досегашната работа и истакна дека добил информации за одлична соработка со тимот на Министерството за правда.

Од страна на претставникот на УНИЦЕФ беше упатена покана до министерот за поздравно обраќање на регионалната конференцијата што ќе се одржи на 28 ноември 2008 година со претставници на министерствата за правда и академиите за обука на судии и обвинители на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска за прашањето за малолетничка правда која беше со задоволство прифатена од министерот Маневски.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk