Работна средба на Министерот за правда со извршителите и претседателите на Основните судови  
     
 

23.09.2006

 
 

На иницијатива на министерот за правда г.Михајло Маневски денеска се одржа работна средба со извршителите и претседателите на  основните судови.

Средбата беше можност за разговор  за првичните  резултати од примената на Законот за извршување како и за согледување на пројавените слабости и  проблеми во секојдневното работење на извршителите, а во исто време и договор за натамошни активности за успешно функционирање на оваа дејност.

Министерот за правда  г.Михајло Маневски  нагласи дека донесувањето на Законот за извршување во мај 2005 година  е резултат од сооченоста на Република Македонија со проблемот  на бавната реализација на правата на доверителите утврдувани во долгогодишните парнични или управни постапки пред судовите.Според министерот  Маневски заклучно со 7-09.2006 година поднесени се  2.926 барања за извршување од кои 1.201 се веќе спроведени, што преставува реализација од 41 %.

Ваквата ситуација рече министерот Маневски само го потврдува фактот дека јакнењето на самостојноста и независноста на судството како и неговата ефикасност се неопходни услови за исполнување на стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија.

Согласно законските одредби Министерството за правда ја врши функцијата на следење на примената на Законот за извршување како и континуиран надзор над работата на извршителите и на Комората на извршителите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk