Средба на министерот за правда Михајло Маневски со претставникот на Европската комисија г.Ерван Фуере  
     
 

18.11.2008

 
 

Повод за денешната работна средба помеѓу министерот Маневски и г.Фуере  беше   објавувањето на годишниот извештај на Европската комисија  за напредокот на Република Македонија во 2008 година.

На средбата Министерот Маневски се заблагодари за оценките дадени во политичките критериуми и поглавјето 23 на Извештајот кои се однесуваат на правосудството, анти-корупциската политика и фундаменталните права и оцени дека истите отсликуваат реална слика во областа за која е наделжно Министерството за правда. Министерот Маневски изрази задоволство од нотираниот напредок и увери дека реформите продолжуваат со полн интензитет и динамика и дека се преземаат чекори за надминување на слабостите евидентирани во извештајот на Европската комисија.

На состанокот се разговараше и за бројни прашања кои ги покрена Амбасадорот г.Фуере за активностите кои се преземаат во делот на надоградувањето на легислативата, функционирањето на правосудните институции и јакнењето на капацитетите за кои министерот Маневски и претставниците на министерството за правда детално информираа за планираните тековни и наредни  активности.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk