Средба на Министерот за правда со претставници на Здружението на судиите на Република Македонија  
     
 

25.09.2006

 
 

Министерот за правда г.Михајло Маневски денеска прими преставници на Здружението на судиите на Република Македонија, претседателот на Здружението м-р Драган Тумановски, г-ѓа Добрила Кацарска-претседател на Основен суд Скопје I Скопје, и судиите г.Владимир Атанасов и г.Блаже Спирковски.

На средбата заеднички беше констатирано дека е неопходно целосно спроведување на реформите во судството и преземање на активности насочени кон имплементација на амандманите на Уставот и донесените закони, се со цел јакнење на независноста и самостојноста на судовите и поголема ефикасност на судскиот систем.

Исто така на средбата заеднички е констатирано да се даде приоритет на разрешување на прашањата од кадровски, просторен и материјален аспект, кои се од првостепено значење за секојдневното функционирање на судовите.

Здружението на судиите се залага и дава целосна поддршка на Министерството за правда во борбата против корупцијата во судството како и за покренување на прашањето за одговорност на судиите кои со своето однесување го рушат угледот на судската функција, и придонесуваат за нарушување на авторитетот на судството.

Здружението на судиите понуди соработка на Министерството за правда во сите идни проекти кои што се од надлежност на министерството.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk