Конституирано Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Вишото Јавно обвинителство во Гостивар  
     
 

03.12.2008

 
 

Советот на јавни обвинители на 25-11-2008 година со избор на пријавените кандидати  за Јавни обвинители го комплетираше составот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминали корупција со седиште во Скопје.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, основано е за подрачјето на целата територија на Република Македонија, а постапува пред Основниот суд Скопје 1 , во кој постои специјализирано одделение надлежно за судење на дела од областа на организиран криминал.

Својата надлежност Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  ја црпи од Законот за јавно обвинителство, во кој се таксативно набројани кривичните дела по кои обвинителството постапува.

            Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција заклучно со 25-11-2008 година избрани се девет Јавни обвинители: Марко Звлревски, Влатко Георгиевски, Бодан Лазаревски, Имран Османи, Ацо Колевски, Деса Пауновска, Миле Костадинов, Гордана Гешкоска, Вилма Русковска и за Основен јавен обвинител е избран  Јован Илиевски.

            Мандатот на Јавните обвинители во ова обвинителство изнесува четири години.

            На  5-11-2008 година конституирано е Вишото Јавно обвинителство во Гостивар.

            Вишото Јавно обвинителство во Гостивар е основано за подрачјето на Апелационен суд Гостивар, пред кој суд и постапува.

Вишото Јавно обвинителство во Гостивар е во состав од Виш јавен обвинител  Зоран Димовски и четири Виши Јавни обвинители:   Хабиљ Иљази, Башким Бесими, Фаик Арслани, Љупчо Коцевски .

Мандатот на јавните обвинители во ВЈО е без ограничување.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk