Во рамки на прославата на 60-годишнината од потпишувањето на Универзалната декларација за човекови права денеска во Советот на Европа се одржа свечена цермонија.
На овој настан со свој говор се обрати министерот за правда Михајло Маневски.
Говор на министер Маневски (интегрален текст)
Министерот Маневски , амбасадорот Филип Рикер и холандскиот амбасадор г-ѓа Симоне Филипини го посетија Затвор Скопје - Скопје.
Во текот на посетата присутните беа запознати со активностите кои што Министерството за правда ги презема околу реконструкцијата и новото крило на Затвор Скопје. Изградбата на новото крило за притвор се реализира со средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија како дел од реализација од активностите на Владата за финанасирање на изградба, реконструкција, реновирање и подобрување и условите во казнено – поправните установи.