Работен состанок за новите надлежности на подрачните одделенија и месните канцеларии предвидени со Изборниот законик и Законот за матична евиденција  
     
 

10.12.2008

 
 

            Собранието на Република Македонија  ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик и Законот за матична евиденција, со кои се предвидуваат нови надлежности  во делокругот на подрачните одделенија и месните канцеларии во нивен состав.

            Денешниот работен состанок беше искористен за информирање на вработените во подрачните одделенија и месните канцеларии за надлежностите кои произлегуваат од новите законски решенија како и актуелни дилеми и прашања во врска со овие настани.

Раководителите на подрачните одделенија беа запознати со преминувањето на матичната евиденција во надлежност на Министерството за правда како и  за активностите кои се преземаат  околу Избирачкиот список кој како надлежност  од септември 2009 година преминува во Државната изборна комисија.

На работниот состанок исто така беше разговарано за претстојните активности кои треба да се преземат а кои се однесуваат на избирачките списоци, и определувањето на избирачките места.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk