Презентација на Завршниот извештај од Програмата на УСАИД за развивање на човековите и институционални капацитети на Министерството за правда  
     
 

11.12.2008

 
 

Програмата на УСАИД за човеков и институционален развој, спроведувана од World Learning, има за цел подобрување на работењето на институциите кои се сметаат за клучни, како за Република Македонија, така и за стратегијата на УСАИД во Македонија.

Како една од тие институции, во Министерството за правда беше спроведена анализа на работењето, при што беа идентификувани клучните причини за критичните точки во работата на Министерството. Во изминативе 3 години, раководниот тим на Министерството, заедно со Програмата на УСАИД, успешно спроведоа низа интервенции со кои беа постигнати позитивни резултати во насока на подобрување на работењето на раководниот тим и севкупното работење на Министерството.

Денеска на презентацијата на Завршниот извештај на присутните гости им се обрати Министерот за правда Михајло Маневски, Директорот на канцеларијата за демократија, управување и образование при УСАИД Македонија, г. Двеjн Ли, директорката на Програмата на УСАИД за човеков и институционален развој, г-ѓа Валбона Морина Максут, како и г. Алан Стивенс, кој во улога на консултант ангажиран од страна на World Learning, ги презентираше спроведените активности и постигнатите резултати во рамките на Програмата. 

Во своето излагање министерот Маневски се осврна на изминатиот период од околу три години кога се спроведоа бројни активности кои го вклучија не само раководниот тим туку и без малку сите вработени во министерството што едновремено придонесе за зајакнување на тимот и создавање на поблиска индивидуална и меѓусекторска координација.

Маневски потсети дека се одржаа бројни работилници во Скопје и други локации во РМ (Кочани, Маврово, итн.) во насока на градење на тимот, се спроведоа обуки за лидерски и раководни вештини, се спроведоа обуки за ИТ секторот како и обуки за зајакнување на капацитетите на раководниот тим за стратешко планирање. 

Во однос на конкретните придобивки,рече Маневски покрај активностите дизајнирани за јакнење на тимот, на Министерството за правда беше предена и антивирусна и Firewall заштита на Министерството за правда од страна на УСАИД.

Друга конкретна придобивка е воведувањето на балансираната картичка како систем за мерливост на успешноста на работењето како и поединечно така и во рамките на сектори. Воведувањето на балансираната картичка е особено значајна потенцира Маневски и нејзиното користење и спроведување мора да се одржи во континуитет заради постигнување одржливост и добивање уште подобри резултати.

Три години подоцна,рече Маневски анализирајќи ја работата на вработените во МП, како на раководниот тим така и на останатите со кои имам дневен контакт, можам да забележам подобрувања во нивното индивидуално како и колективно работење.Се забележува подобра меѓусекторска комуникација, размена и проток на информации во и вон министерството, подобрени капацитети за стратешко планирање, подобро функционирање на ИТ системот.

Заблагодарувајќи се на УСАИД и World Learning за севкупниот ангажман и поддршка Маневски констатира дека Процесот не завршува тука. Напротив, оваа Програма претставува поттик за понатамошно унапредување во работата на министерството.

 
- По спроведената анализа на работењето на Министерството за правда во периодот од 2006 досега се имплементираа серија интервенции чија цел беше да се подобри раководењето во оваа институција, пред се во подобрување на раководните и лидерските вештини на вработените, рече на презентацијата директорот на канцеларијата за демократија, управување и образование при УСАИД - Македонија Двеин Ли.


Тој посочи дека, меѓу другото, интервенцијата за информатичка технологија му помогнала на Министерството да ја подобри својата внатрешна и надворешна електронска комуникација.


- Со подобрување на објективното оценување на вработените, со соодветно делегирање на работните задачи и давање навремени повратни информации и покажување тимски дух, Министерството ќе може подобро да им служи на затворскиот и правосудниот систем, на државната управа, како и на интеграцијата на државата во Европската унија, додаде Ли.


Директорот на Проектот на УСАИД за човеков и институционален развој Валбона Морина Максут рече дека во која било институција клучното лице има суштинска улога во севкупното нејзино функционирање. - Во тој контекст министерот за правда Маневски во текот на две години од Проектот на своите вработени постојано им служеше како пример преку динамично комуницирање и споделување на информации, како во Министерството, така и надвор, додаде Максут.


Спроведените
активности и постигнатите резултати во рамките на програмата пред присутните ги пре
зентира г. Алан Стивенс, Тој, притоа посочи дека најголеми достигнувања за време на спроведувањето на Проектот се направени во ИТ интеграцијата, во културната интеграција, во раководниот тим, како и во имплементацијата на балансираните картички.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk