Конститутивна седница на Комисијата за првиот избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите  
     
 

28.09.2006

 
 

Во Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на Комисијата за првиот избор на членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите , кој се врши во согласност со Законот за судскиот совет на Република Македонија.

Комисијата треба да донесе решение за распишување на прв избор за членови на Судскиот совет на Република Македонија од редот на судиите, врз основа на кое ќе се утврди роковник за спроведување на изборните дејствија.

Комисијата, која треба да ги спроведе изборите, е составена од четворица судии од Врховниот суд и пет преставници од Министерството за правда.

Согласно амандманите на Уставот на Република Македонија од 7-10-2005 година и Законот за судскиот совет на Република Македонија, се очекува  новиот Судски совет на Република Македонија да се  конституира до крајот на оваа година, а во првите месеци на 2007 да почнат и првите именувања на судии.

За претседател на Комисијата е избрана г-ѓа Рахилка Стојковска раководител на Секторот за правосудство во Министерството за правда.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk