Средба на министерот Михајло Маневски со претседателот на ДИК Александар Новаковски  
     
 

15.12.2008

 
 

МИА - Министерот за правда Михајло Маневски и претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Новаковски на денешната прва средба размениja мислења за наредните активности на двете институции околу подготовките за спроведување фер и демократски избори.

Двајцата соговорници разговараа и за условите за работа на ДИК, за комуникацијата меѓу ДИК и Министерството за правда со цел ефикасно спроведување на изборниот процес, за избирачкиот список, како и за едукацијата на изборните тела.

- Договоривме во текот на оваа недела да се одржи средба на претставници на Министерството за правда со членови на ДИК за продлабочување на натамошната соработка, изјави по средбата министерот Маневски.

Оценувајќи ја средбата за продуктивна, Новаковски рече дека министерот за правда се заложил да излезе во пресрет на сите барања на Државната изборна комисија, пред се во обезбедување соодветни услови за работа на ДИК.

Маневски информира дека Министерството за правда до Владата на РМ има доставено информација со која бара на Државната изборна комисија  да и се додели соодветен простор во зградата на поранешна „Нова Македонија“.

Според претседателот на ДИК бидејќи нема многу време пред изборите  Министерството за правда и ДИК во текот на неделава треба да  формираат работни групи.

-  Во рок од 60 дена од формирањето на ДИК согласно законот треба да бидат комплетирани работни групи со цел да се зајакне капацитетот на Комисијата, додаде Новаковски.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk