ЗГОЛЕМЕНА ДОВЕРБАТА ВО СУДОВИТЕ  
     
 

30.12.2008

 
 

Корисниците на услугите на Основните судови во Република Македонија  сметаат дека 78 % од судовите работат ефикасно

 

ИСТРАЖУВАЊЕ-УСАИД-ПРОЕКТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

 

Анкета за проверка на задоволството на јавноста од работата на судовите -  Јануари  -  Октомври - 2008

Проектот на УСАИД за имплементација на судските реформи во соработка со Секторот за судски буџет при Врховниот суд на Република Македонија  во изминатата 2008 година спроведе анкета за редовната годишна активност на работата на судовите во Република Македонија.

Резултатите од анкетата спроведена помеѓу 2.134 испитаници, корисници  на судските услуги покажуваат дека
 78 % од корисниците на услугите на 27-те основни суда се задоволни од работата на судовите,

Првата анкета која  е спроведена во јануари – март оваа година во сите 27 судови , покажува  поддршка   од 69,73 % отсто. 

Второто истражување  спроведено во септември-ноември 2008 година , регистрира  доверба од 78,00 % што  претставува зголемување на довербата во судовите  од цели 8.27%. 

Анкетираните, меѓу кои има правници, странки и други посетители,  писмено  одговарале на прашањата како што се : Дали работата во судот била завршена навремено и ефикасно? Имал ли судот еднаков третман спрема странките во однос на националноста, полот, социјалната положба, возраста. или, дали судот во целост бил ефикасен? Колку се разбрани упатствата на судот во она што треба следно да се направи, и други прашања.

Резултати од овие анкети и статистичките показатели  покажуваат дека  судовите во Република Македонија   во 2008 година го совладаа приливот на нови предмети во споредба со минатите години.

 За прв пат по 17 годинии се случи да се намали приливот на нови предмети во судовите за околу 30 проценти, бројките само  го потврдуваат фактот дека  ефикасноста на судството во Република Македонија се подобрува и расте довербата на судството во Република Македонија како гарант на правата и слободите на граѓаните.

Во 2008 година во судовите примени се вкупно 546.254 нови предмети, односно за 229.670 помалку во споредба со 2007 година изразено во проценти тој број  изнесува 29,59%, и намален е заостатокот на нерешени предмети за 207 374 предмети  или за 23,12 %.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk