Средба министер Маневски - шеф на мисијата на EULEX - Косово г. Ив Де Кермабон  
     
 

12.01.2009

 
 

По повод започнувањето на  мандатот на мисијата Eulex-Косово  министерот за правда Михајло Маневски денеска  одржа  неформална средба со господинот Ив Де Кермабон шеф на мисијата и придружуван од неговата делегација.

 Министерот  Маневски на средбата искажа задоволство од воспоставената комуникација , укажувајки на тоа дека Република Македонија е подготвена за соработка и смета дека е од голема важност постоењето на најпрвин регионална соработка а потоа и мегународна соработка со земјите од регионот.

Господин Ив де Кермабон направи краток вовед  за мисијата  Eulex  и неговиот мандат во  Косово и нагласи  дека тоа е мисија со мандат даден од народот на Косово и нивните напори  во натамошниот период ќе бидат фокусирани на воспоставување   непречен процес на владеење на правото.

Министерот Маневски истакна дека натамошната соработка  би требало  да  се обрне посебно внимание на спроведување на одредбите за  меѓународна правна помош, трансферот и екстрадицијата во практицирањето на регионалната и интернационалната соработка.

Министерот   Маневски укажа на тоа дека  тесната соработка помеѓу земјите од регионот  би значело и успешно справување со проблемите особено за сузбивање  на  организираниот  криминал  помеѓу сите овие земји

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk