Работна средба на Министерот за правда Михајло Маневски со нотарите  
     
 

06.10.2006

 
 

Во организација на Министерството за правда и Нотарската Комора на Република Македонија денеска во Врховниот суд на Република Македонија  се одржа работна средба  со нотарите.

Средбата беше закажана со цел да се разгледаат прашањата кои се однесуваат на примена на Законот за вршење на нотарските работи и негово надоградување, како и остварување на надзорната функција на Министерството за правда и на Нотарската комора, која што е во согласност со Законот.

Во своето излагање министерот Михајло Маневски рече дека нотарската работа го оправда своето постоење и има голем придонес во вршењето на правните работи, но несовесното постапување на одредени нотари го рушат угледот на нотарската професија.

Во исто време се поставува прашањето, рече министерот Михајло Маневски, зошто надзорната функција која е во согласност со Законот не се вршела совесно, чесно, непристрасно и во согласност со Уставот и Законите на Република Македонија, а во функција на заштита на правата и интересите на граѓаните. Во таа смисла фактите укажуваат дека од 1998 година кога е востановен нотаријатот, од 140 поднесени пријави и претставки за несовесно постапување на нотарите не е изречена ниту една дисциплинска мерка, па макар таа била и најлесната.

Од средбата беше сугерирано за поголема претпазливост и предупредување на граѓаните или преземање на соодветни мерки при давање на нотарските услуги.

На средбата беше заклучено да се пристапи кон измени и дополнувања на Законот за нотарските работи кои ќе бидат во согласност со европските стандарди, на кој ќе работи работна група составена од стручни лица. Во исто време потребно е да се иницира до надлежните државни органи  надоградба на законите кои се во корелација со Законот за нотарските работи, како и да се направат напори за достапност на податоците од Централниот регистар, катастарот и соодветните служби.

Заеднички беше заклучено да продолжат ваквите средби и за други прашања од аспект на вршење на нотарската дејност.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk