Најава: Министерот Маневски ќе учествува на Неформалниот состанок на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ, во Прага, Р.Чешка  
     
 

15.01.2009

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски на 16 јануари 2009 година  ќе учествува на Неформалниот состанок на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ што ќе се одржи во Прага,  Република  Чешка.

 На неформалниот состанок на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ кој се одржува под покровителство на Чешкото претседателство на ЕУ, министерот за правда Михајло Маневски  ќе се обрати на пленарната сесија  посветена на "Принципите на взаемно признавање на судски одлуки во кривичната материја" како и "Е-правда".

Министерот Маневски  на првата сесија ќе се осврне со  поддршка на  идејата за продлабочување на меѓународната   правна соработка  во делот на кривичната  материја преку употреба на постојните и нови правни инструменти во борбата против организираниот криминал .

На Неформалниот состанок  на министрите за правда и внатрешни работи, планирани се билатерални средби со министрите за правда на Република Чешка и Шведска.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk