ЗАКОН ЗА КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА - Работна верзија  
     
 

15.01.2009

 
 

Jaвен увид на граѓаните, научната и стручна јавност

           Во насока на отвореност на Министерството за правда, работната верзија на Законот за кривичната постапка ја објавуваме на Веб страницата на Министерството и ја повикуваме научната, стручната и пошироката јавност да ги даде своите коментари, мислења и сугестии кои можат да  придонесат кон квалитативно подобрување на предложениот текст.

Почитувани,

Минатата година еден од клучните приоритети на Владата на Република Македонија и на Министерството за правда беше реформата на казнено - правниот систем. Основен документ за реализацијата на планираните активности во оваа област беше Стратегијата за реформа на казнено право, усвоена од Владата на Република Македонија во јули минатата година. Основните начела врз кои се заснова Стратегијата се насочени кон воспоставување нов систем на правила на казнената постапка што ќе гарантираат заштита на човековите права, веродостојно утврдување на вистината, во брза, едноставна и економична постапка, која ќе води сметка за природата и тежината на казненото дело, личноста на обвинетиот и на жртвата, како и потребите за заштита на општеството од казнените дела.

За реализација на планираните активности, во Министерството за правда беа формирани четири работни групи, од кои една работеше на измените и дополнувањата на Кривичниот законик, а останатите три на новиот Закон за кривичната постапка.

Членови на работните групи беа истакнати професори, судии и јавни обвинители со богато искуство во кривичната материја.

Министертвото за правда има особена чест да ве извести дека веќе ја имаме работна верзија на Законот за кривичната постапка, во кој се воведуваат значајни новини, особено зајакната и раководна улога на јавното обвинителство во текот на претходната постапка и нови односи меѓу јавното обвинителство и полицијата.

На понудените решенија во работна верзија на Законот за кривична постапка, за кои се користени  компаративни решенија и искуства како од европските држави, така и од државите од регионот, им претходеа бројните истражувања кои беа спроведени минатата година.

Во текот на целиот проект беа вклучени и бројни меѓународни организации, кои даваа поддршка за негова реализација, меѓу кои посебен придонес дадоа ОБСЕ, ОПДАТ, Фондацијата отворено општество - СОРОС и Германската фондација за меѓународна правна соработка.

Донесувањето на Законот за кривичната постапка е само првиот чекор во рамките на реформата на казнено - правниот систем во Република Македонија. Заради негова успешна примена во практиката планирани се бројни активности кои Министерството за правда ги формулираше во Акционен план за оваа година.

           Ве молиме вашите сугестии и коментари да ги доставите на следната e-mail аддреса: cabinet@мjustice.gov.mk.        

           

           Со почит,

МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА,

Михајло Mаневски

   

          Закон за кривичната постапка англиска верзија

 

 

 

 

 

          

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk