Средба Маневски - претставници на меѓународни организации и амбасади во земјата  
     
 

26.01.2009

 
 

Донаторски состанок со претставници на меѓународни организации и амбасади

По повод  изготвувањето на работната верзија на Законот за кривична постапка и планираните активности кои произлегуваат од законот, денеска во просториите на Министерството за правда се одржа донаторски состанок, на кој  учествуваа претставници на повеќе меѓународни организации и амбасади во земјата, меѓу кои Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, Програмата ОПДАТ, Институт отворено општество Македонија – СОРОС, Делегација на Европска Комисија во Скопје, Светска Банка, УСАИД – Проект за судски реформи, Здружение за кривично право и криминологија на Македонија, претставници од Амбасадата на Сојузна Република Германија и Република Франција во Скопје.

Министерот за правда  Михајло Маневски  ги запозна присутните со текот на реформите и преземените активностите согласно Стратегијата за реформи во казнено право. Како непосреден ефект од вака спроведените активности, произлезе и работната верзија на Законот за кривична постапка.

 Маневски истакна дека ова претставува само еден дел од активностите. Заради успешна примена на законот во практиката планирани се бројни активности кои Министерството за правда ги формулираше во нацрт Акционен план за оваа година.

На состанокот беше договорено, во рамки на Академијата за обука на судии и јавни обвинители да се формира работна група, која ќе има за цел прецизно да ги дефинира понатамошните актиности во Акционен план до почеток на месец март, кога повторно ќе се одржи состанок, на кој ќе може да се дискутира по предлогот и да се усвои една конечна верзија на истиот.

Откако ќе бидат конечно дефинирани активностите ќе може да се пристапи кон изготвување на фискални импликации кои би произлегле од имплементација на истите.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk