Средба Маневски – Кнут Волебек висок комесар за национални малцинства, ОБСЕ  
     
 

28.01.2009

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со г. Кнут Волебек, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ.

На средбата г. Волебек  покажа посебен интерес за развојот на меѓуетничкиот дијалог, како и за процесот на градење на довербата на сите слоеви во општеството како и за зајакнувањето на улогата на образованието во  процесот на социјалната  кохезија.

Министерот за правда Михајло Маневски го информираше г.Волебек за напредокот во доградувањето на правната рамка за заштита на националните малцинства и особено за заштита на помалите етнички заедници, како што е Законот за Комитетот за односи помеѓу заедниците , Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти, за востановената Агенција  за помалите етнички заедници како и за напредокот во спроведувањето на Рамковниот договор.

Министерот Маневски истакна дека Република Македонија е лидер во регионот   и пошироко во однос на почитување на правата на немнозинските заедници.

Г.Волебек изрази надеж дека Република Македонија ќе се интегрира во Европската Унија и во НАТО, што е од посебна важност за земјава но и за регионот пошироко.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk