Управните инспектори во засилен надзор во спроведувањето на денационализацијата  
     
 

10.10.2006

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска присуствуваше на состанокот на директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеорѓиевски со сите државни управни инспектори. Тој им изрази целосна поддршка во спроведувањето на законите и прописите во интерес на граѓаните и остварувањето на нивните права.

Директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеорѓиевски денеска имаше прва работна средба со државните управни инспектори.

На средбата присуствуваше и министерот за правда Михајло Маневсеки, кој истакна дека инспекторите во својата работа треба строго да се придржуваат на законот и бескомпромисно да го спроведуваат. Тој додаде дека во наредниот период приоритет на Владата и на Министерството за правда е надзорот врз органите кои ја спроведувале денационализацијата. Исто така ќе се врши и надзор во судството, во делот на спроведувањето на Судскиот деловник.

Министерот Маневски потенцира дека ќе се направат дополнителни напори да се подобрат условите за работа на управните инспектори за да може да одговорат на задачите кои стојат пред нив.

Директорот на Државниот управен инспекторат, Димитар Ѓеорѓиевски рече дека овој орган треба да ја остварува својата функција во целина и да биде во служба на граѓаните. Тој додаде дека за таа цел, покрај активностите за подобрување на условите за работа на инспекторите, нивната обука и понатамошна едукација, ќе преземат и активности за запознавање на јавноста и граѓаните со работата на Државниот управен инспекторат.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk