Доделени решенија на судски преведувачи  
     
 

30.01.2009

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска додели решенија  на 60 постојани судски преведувачи кои успешно ја поминаа проверката на знаењето на странскиот јазик  во втората сесија.

Законот за судовите, Судскиот деловник и подзаконските акти воспоставија нов начин  и услови за поставување на постојаните судски преведувачи, преку проверка на знаењето на странскиот јазик, што досега не беше случај рече министерот Маневски.

Реформите во судството и во делот на обезбедување на правото на судскиот преведувач, придонесоа да се добијат, соодветно обучени и искусни преведувачи, кои својата работа ќе ја извршуваат професионално и одговорно.

Со ова, истакна Маневски, Република Македонија ја подобрува состојбата на исполнување на критериумите на Европската Унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците.

Подотвуваме стручни преведувачи, рече Маневски кои се подготвени да се вклучат во работата на  институциите на Европската Унија, и воедно  востановувајќи ја оваа практика на доделување на решенија како традиција, градиме однос кон оваа значајна професија во правниот систем во Република Македонија.

            Министерот Маневски им се заблагодари на присутните и им посака успех и совесно и одговорно вршење на функцијата, во согласност со законските прописи.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk