Свечено врачување повелби на новоизбрани нотари и извршители  
     
 

06.02.2009

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска врачи повелби на 12 новонаименувани нотари  и 14 извршители. 

Обраќајќи се на присутните министерот Маневски истакна дека кандидатите ги исполниле сите услови согласно законските одредби. Министерството за правда  посветува големо внимание на унапредување на нотарската служба, особено при подготовката на законите каде што се настојува судовите да се растеретат од вонсудски предмети. Во таа смисла министерот Маневски истакна дека во собраниска процедура е Законот за извршување  со кој ќе се пренесат одредени надлежности на нотарите .

-Се надевам дека функцијата нотар  и извршител ќе ја вршите чесно совесно и одговорно, во рамки на уставот и законите и ќе го дадете потребниот квалитет –истакна министерот Маневски.

 Развојот на нотаријатот  и извршувањето како јавни овластувања потсети министерот Маневски треба да бидат во функција на полесно решавање на потребите на граѓаните и поефикасно остварување на нивните права.

Во иднина рече Маневски ќе го надоградувате своето знаење и понатаму ќе се едуцирате затоа  што имаме динамичен правен систем.

Новонаименуваните нотари и извршители се  заблагодарија   и се обврзаа дека ќе работат во интерес на граѓаните и во согласност со уставот и законите.


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk