Заменик министерот Ибрахим Ибрахими учествува на Конференција за Е-правда во Прага, Чешка  
     
 

17.02.2009

 
 

Заменикот министер за правда Ибрахим Ибрахими на  17 и  18 февруари 2009 година  учествува на Интернационалната  Конференција  за Е-правда на министрите за правда на земјите членки на ЕУ Е-правда без граници  што се одржува во Прага, Република Чешка.

Конференцијата која се одржува под покровителство на Чешкото претседателство на Европската Унија, е во организација на Министерството за правда на Република Чешка.

На Конференцијата се третираат теми и разменуваат искуства помеѓу учесниците,  како што се: На патот кон Европската Е - Правда – создавање на Европски е - Правда портал,  ЕУ и Е - Правда – поглед од внатре и од надвор како и Употреба на видеоконференции”.

Заменик министерот за правда Ибрахим Ибрахими оствари средби до претставниците на  Министерството за правда на Република Турција со кои беше договорена размена на искуства и студиска посета со цел согледување на напредни решенија кои Турција ги реализира во делот на електронската правда.


         Во рамки на конференцијата, беше остварена и  средба со г. Лудјек Рула директор на затворите во Република Чешка  . На средбата беа разменати мислења за состојбите и реформите во пенитенцијарниот систем, поставеноста на Управата за извршување на санкции и беше договорена билатерална соработка во оваа област помеѓу двете земји.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk