Јавна расправа за Законот за кривична постапка  
     
 

05.03.2009

 
 

Денеска во Охрид започна дводневната јавна расправа по новиот Закон за кривична постапка.

Јавната расправа за новиот Закон за кривичната постапка е во  организација на Министерството за правда и е во функција на  реализација  на Стратегијата за реформа на казнено право.

На Јавната расправа учествуваат членовите на работната група, професори, претставници од правосудни институции и Јавното обвинителство.

            Пред околу 200 судии, јавни обвинители, адвокати, претставници од МВР,  од финансиската  полиција ,од Судскиот  совет и Советот на јавни обвинители, професори и експерти од казненото право, се обрати министерот за правда Михајло Маневски кој потенцира дека ова е една од најтемелните реформи на казненото право во Република Македонија., која е во функција на спроведување на ефикасна постапка за заштита на општеството од криминал и особено од најтешките облици на организиранот криминал и корупцијата.

            Обраќање на министерот за правда Михајло Маневски (интегрален текст).

            На советувањето се обратија и меѓународните експерти  проф. Херман, и претставници од меѓународни организации кои што учествуваат во процесот на реформата на казненото право.

            Советувањето го отвори академик  проф.  Др. Владо Камбовски и  проф.др. Гордан Калајџиев  кој ги  образложи основите на новиот закон за кривична постапка.

Советувањето продолжува и во текот на утрешниот ден.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk