Семинар –Третман на посебните групи на затвореници  
     
 

04.03.2009

 
 

Денеска во организација на Управата за извршување на санкциите и  во соработка со Советот на Европа, се одржа семинар на темаТретман на посебните групи на затвореници’’.  

Семинарот кој е дел од  Програмата за едукација на вработените во Казнено-поправните установи во Република Македонија,  има за цел проширување на знаењата на вработените во Секторите за ресоцијаизација во Казнено-поправните домови во Република Македонија.

Семинарот треба да придонесе за  подобрување на начинот на спроведување на третманот  на специфичните ранливи групи осудени лица, со посебен осврт за третманот на осудените лица за кривични дела против половата слобода и половиот морал, кои се на издржување казна затвор.

На присутните со свое излагање им се обрати директорот на Управата за извршување на санкциите  Лидија Гаврилоска, која го потенцираше значењето и улогата на вработените во Секторите за ресоцијализација за спроведување на третманот на  ранливите  групи осудени лица, како и заложбите и активностите на Управата во насока на подобрување на условите за работа и јакнење на капацитетите преку спроведување на обуки  на сите вработени во овој Сектор.

Свое излагање на семинарот имаа експерти на Советот на Европа : г-ѓа Тања Ракушиќ Хаџиќ - Раководителот на единицата за затвори и полиција во Советот на Европа која се осврна на  третманот на ранливи групи затвореници во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права,  г-ѓа Луиза Гандини зборуваше за третманот на ранливи групи затвореници во согласност со Европските затворски правила и стандардите на Комитетот за превенција од тортура, г-ѓа  Бригит Јесен Клинички директор на Институцијата за третман Херстедвестер во Данска и г-а Данка Јевтовиќ Раководител во секторот за едукација во Затворската администрација во Република Србија кои имаа свое излагање за искуствата во Данска и Србија за притворот, проценка на ризикот и потребите по приемот на осуденото лице како и за различните видови на третман за сторителите на  кривични дела против половата слобода и половиот морал кои се практикуваат во Европа.

На  семинарот   учествуваа претставници на вработените воспитувачи во Секторите за ресоцијализација од сите Казнено-поправни установи во Република Македонија, претставници од Управата за извршување на санкциите и од Министерството за труд и социјална политика.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk