ЗАКЛУЧОЦИ ОД ЈАВНАТА РАСПРАВА ПОСВЕТЕНА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА  
     
 

06.03.2009

 
 

На вториот ден од дводневната Јавна расправа посветена на  новиот Закон за кривичната постапка  која  во  организација на Министерството за правда  се одржа во Охрид, и за која беше покажан огромен интерес  и поддршка кај присутните учесници , беа усвоени следните заклучоци:

  1. Констатирано е дека казнено правната реформа е најважната реформа на правниот систем  и системот на правдата, како и воопшто на државата. Реформата повлекува ангажман и поддршка на правосудните работници, но и на целокупната јавност за предложените решенија, затоа што Законот за кривична постапка претставува устав за човековите слободи и права, многу попрецизен и позначаен од начелните уставни декларации и општи одредби.

  2. Проектот за реформа на казненото право на Министерството за правда доби поддршка од сите учесници, кои се согласија дека пристапот е добар и дека треба да се променат старите законски решенија, уште повеќе затоа што секој учествува во нивната реализација и знае за слабостите на постојната законска рамка.

  3. За време на расправата беа дадени корисни предлози и сугестии кои заедно со мислењата доставени од судовите, јавните обвинителства и другите надлежни органи, ќе бидат разгледани од страна на членовите на работната група.

  4. Констатирани се одредени отворени прашања, како што се прашањето за преодни и завршни одредби, vacatio legis, потреба од длабинска анализа од аспект на check and balances, односно што се добива од една страна, а што се губи од друга, зголемените овластувања и потребата за зголемена одговорност и контрола, обезбедување на единствена примена на законот и улогата на Врховниот суд, како и тестот на демократската правна држава во однос на овластувањата, односно дали од истите може да произлезат одредени злоупотреби и како да се реагира.

  5.  Признание на работната група која го вложи својот труд и знаење во подготвувањето на законските решенија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk